Тамара реновира клиника за онкологија

Петтата сезона од серијалот „Со Тамара во акција“ ќе заврши оваа недела, а Тамара Грујиќ овој пат не реновира нечиј дом, туку одделот за онкологија на клиниката за педијатрија во Крагуевац.

„Овој пат решивме да направиме нешто за целото општество. Реновирањето траеше 10 дена, цел кат од 140 квадрати во болницата. Ние се погриживме за реновирањето, а најдовме компанија што ќе донира медицинска опрема и специјални кревети за ова одделение“, рекла Тамара во интервју за „Блиц“.

Таа открила дека е горда на себе што издржала во борбата да го постигне тоа што сака и дека со својата работа им помогнала на многу семејства.

„Моите сниматели кога ќе ги оставаат камерите, се фаќаат за лопата и помагаат во работата. Досега снимивме 66 емисии, помогнавме на толку многу семејства, ама оваа епизода ми е посебно тешка зашто станува збор за деца заболени од рак“, раскажала Тамара.

Од септември ќе почне да се снима шестата сезона на емисијата, а овојпат ќе реновираат домови во западниот дел на Србија.

 

Scroll to Top