Тања Савиќ ќе ја менува верата заради Мухамед, мајка ѝ ја исфрлила од дома

Пејачката Тања Савиќ наводно решила да премине во ислам поради нејзиниот вереник Мухамед Бешлиќ, пилот кој живее во Америка и е 11 години помлад од неа. Веста ја пренесоа српските медиуми, според кој, по исламските обичаи ќе се омажи за својот дечко. Кога за ова  слушнала нејзината мајка, се зборува дека ја избркала од дома и дека повеќе не сакала ни да контактира со неа.

Тања се уште официјално не е разведена, пејачката за време на бракоразводната постапка размислувала да премине во ислам, за да нема проблем да се омажи за Мухамед.  Таа заедно со децата ќе се пресели во Америка и ќе добие документи поради брак со Бешлиќ.

Се коментира и дека неговите родители не се најсреќни поради неговиот избор, а во се се вмешал и сопругот на Тања, Душан Јованчевиќ, кој не сака да и даде развод на пејачката и веста дека неговата сопруга се верила – не ја прифати добро.

Scroll to Top