Тања Савиќ призна дека е во врска со градоначалникот на Бања Лука

Пејачката Тања Савиќ во разговор со медиумите пред синоќешниот настап во Белград, призна дека е заљубена во градоначалникот на Бањалука, Драшко Станивуковиќ. Таа додаде и дека сака да има уште едно дете и дека покрај двата сина кои ги има, сега сака девојче.

„Со срцето сум за Бањалука и тоа е место кое многу го сакам, особено Приједор. Од таму е мојата стилистка и девојката која ми ја води фан страната и како што знаете мојот дечко“, рече Тања и додаде дека сака да има ќерка.

„Би сакала ако ме послужи здравјето и ако телото ми издржи, да имам ќерка која ќе пее како мене“, рече Тања.

За потсетување, пејачката ја доби битката судската битка со својот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ кој минатата година и ги зема синовите и ги однесе во Австралија. Тој не и дозволуваше да ги види, а пејачката поради рестрикциите со коронавирусот, не можеше да патува.

 

 

Scroll to Top