Тања Савиќ тврди дека сопругот не ја тепа

Неодамна во српските медиуми се појави веста дека и пејачката Тања Савиќ е жртва на семејно насилство, а дека сопругот Душан Јовановиќ ја тепа. Но, фолк-пејачката демантира дека Душан ја малтретира физички или психички.

„Како прво, јас не сум доживеала никаков ќотек и не поддржувам семејно насилство. Моите брачни проблеми се повеќе резултат на некакви недоразбирања, но никогаш не ги решаваме со насилство“, рекла пејачката за српските медиуми.

Scroll to Top