Таткото на Видоје тврди дека Николина Пишек ја интересираат само пари, а водителката врати дека ѝ го оспорува правото на наследство

Таткото на покојниот Видоје Ристовиќ и го оспорува правото на наследство на неговата снаа, Николина Пишек.

Тој тврди дека Николина управувала со парите додека бил жив Видоје и дека тој го издржувал семејството. Во интервју за српски медиум ја Миша Гроф ја обвини водителката дека барала пари по смртта на неговиот син и ја интересирало само да заврши доградбата на куќата која се градела во Белград. Поранешната водителка неговата изјава ја нарече срамна.

„Ако Николина мисли дека може да ја продаде колекцијата на мојот покоен син, греши. И татко ми беше колекционер и јас тоа го правев истото цел живот, па Видоје. А сега се прави паметна и сака се да уништи. Целата колекција на мојот син ќе оди или во Историскиот музеј или во Музејот на применета уметност“, открива Миша Гроф.

Водителката рече дека сите обраќања кои што ги имала до таткото на Видоје во врска со имотот биле насочени кон остварување на правата на наследство, за кои вели Пишек свекорот ги негира.

„Таткото на мојот сопруг не е негов законски наследник и нема право да располага со имотот на Видоје, кој неоправдано сака да го присвои“, рече водителката обраќајќи се до медиумите.

Да потсетиме, Николина реши да се обрати и да испрати јасна порака до својот свекор на Инстаграм, каде го нарече демон. 

Scroll to Top