Ти си див Балканец, а оној Ендру на Елизабета, место во затвор, дреме во дворецот и чека Австралија опен: Ведрана Рудан со поддршка за Ноле

Хрватската писателка Ведрана Рудан секогаш објавува колумни на својот блог, посветени на најактуелните теми во светот. Овој пат таа го коментираше случајот со светскиот ас Новак Ѓоковиќ кој вчера беше депортиран од Австралија. Во своето најново излагање, таа го спреди неговиот случај со наводите за сексуална злоупотреба со кои се соочува британскиот принц Ендру. Според неа, Ѓоковиќ стада бидејќи е „див Балканец“, додека „цивилизираните криминалци“ ги имаат привилегии на овој свет.

„Не знам што се случува со Ѓоковиќ во лулката на демократијата додека го пишувам ова. Дали бил во притвор, затвор, обесен, пуштен, протеран, плукан или фрлен во авион со лисици на рацете?

Зошто сум на страната на Ѓоковиќ иако сум луда ваксерка? Не се разбирам од тенис, мојата единствена врска со тенисот е Никола Пилиќ, мојот драг долгогодишен домашен пријател. Но Никола, Ники Пилиќ, отсекогаш бил нешто повеќе од тенис. Одмерен, благороден и почесен човек во животот не сум видела. Денеска ми вели: „Му дадоа виза, па му ја одзедоа. Го третираат како криминалец. Сето тоа е политичка фарса“.

Што ми пречи во оваа приказна? Фактите прво. Дали Ѓоковиќ се вакцинираше двапати? Не. Дали Комонвелтот на Австралија инсистираше никој да не стапне во тоа жариште на демократијата освен ако не е двапати вакциниран со „одредена вакцина“? Да. Дали Комонвелтот на Австралија го пушти Ѓоковиќ во својот скут иако не го почитуваше она на што се заколна Комонвелтот откако Кина или милиот бог ни ја доведоа короната? Да.

Дали истиот Комонвелт на Австралија му прогледа низ прсти на Надал иако не ги почитуваше поставените правила? Да. А кој зборува за тоа? Зарем тоа не е исто? Истата приказна е. Тоа е прашање на принцип. Кога една земја се смета себеси за жариште на демократијата, тогаш Надал не треба да биде исклучок, колку и да не е „Балканец“.

Зошто нагласувам дека Австралија се нарекува Комонвелт на Австралија? Важно е. Шефица на нешто што моментално вреска за демократија и почитување на законот е Елизабета Втора. Таа госпоѓа, кои некои ја нарекуваат најмоќната жена на светот, го има синот Ендру, кој долго време е најпознатиот силувач на малолетнички во светот.

Дали австралиските шефови некогаш зборуваа на оваа тема? Принцот Ендру наместо да ги минува деновите во затвор во зандана со слични на себе, седи во дворецот и го чека Австралија Опен. Лудиот англиски премиер Џонсон неодамна го украси своето дувло со лов што му го дал локален тајкун. Прашањето на сите прашања е дали Џонсон се однесува како „Балканец“ или ние „Балканците“, кога сме најлоши, се однесуваме како Џонсон?

Мислите дека овие двајца гадови немаат врска со Ѓоковиќ? Имаат, имаат. За западњаците Ѓоковиќ е дивјак на кој треба да му се покаже што е демократија. На Џонсон и на силувачот не треба ништо да им се покажува или докажува. Тие многу добро знаат дека нема разлика меѓу нивната демократија и фашизам.

Ѓоковиќ, да беше принц, силувач на девојчиња, криминален премиер или премиер кој преку телото на спортист се бори за нов мандат, сите патишта ќе ти беа отворени, сите визи ќе ти важеа. Вака си само симбол на оние, а не се малубројни, кои разбираат дека светот е поделен на „диви Балканци“ и „цивилизирани“ криминалци“, напиша Рудан во својата колумна.

Scroll to Top