Актерот Иван Бисилјчиќ, кој е шест години во брак со пејачката Јелена Томашевиќ, уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Тој, докажа дека е голем романтик, а неговите зборови веројатно би посакале да ги слушне секоја жена.

„Привилегија е да се најде таква жена како што е Јелена. Свесен сум за тоа. Постојат толку луѓе кои се мимоишли, а кога веќе сте имале среќа да ги сретнете, и засакате, не смеете тоа да го прокоцкате. Ако веќе сте го добиле тој дар од Бога, нормално е да го чувам и почитувам“, изјави Босилјчиќ.
