Нивната врска по разводот со месеци ја заинтригира домашната јавност, па се појавија информации дека „бизнисменот ја моли пејачката да се смират“, на што тој веднаш реагираше.
„Лага“ – напиша бизнисменот, по вестите дека ја молел пејачката да се смират, пренесуваат тамошните медиуми.
Тие потсетуваат, дека Драгана неодамна, по пристигнувањето во Белград, откри дека „никогаш не се чувствува подобро и посилно“ и дека „го сака своето ново јас“.
– Ми се допаѓа ова прашање. Секогаш велам дека ја имам најдобрата публика на светот. Ова сум јас сега, многу посилна отколку што мислев дека можам да бидам и свесна сум за себе. Го сакам ова ново јас, да бидам искрена…. Тоа е поради публиката, која секогаш е крајно свесна за тоа која сум јас, многу повеќе од себе. Поради публиката многупати сум надминала бројни неволји. Секогаш сум насмеана и весела, сакам да имам луѓе околу мене, – вели Драгана за „ГрандОнлајн“.