Тони Цетински ја доби наградата „Оливер Драгојевиќ“

Поп-пејачот Тони Цетински е добитник на наградата „Оливер Драгојевиќ“ за најдобар пејач, а која ја доделува една од најпознатите радиски емисии во Хрватска, „Мјузик паб“ на Златко Туркаљ. Оваа награда се доделува од 1996 година. Таа од 2016 година го носи името на Оливер, откако сега веќе починатиот музичар даде дозвола да се користи неговото име.

„Огромна чест и привилегија е да се прими оваа награда, а истата ќе има посебно место во мојот дом, како што и Оливер има посебно место во моето срце. Им благодарам на сите што овозможија да ја освојам оваа престижна награда и ќе се потрудам да го оправдам сево ова низ годините што претстојат“, рекол Цетински.

„Тони Цетински е еден од нашите најдобри пејачи во 2018 година, а покрај одлично конципираниот албум, имаше и два големи радиски хита – ‘Као у сну’ и ‘Генерал без чинова’. За истите песни од страна на слушателите и музичките уредници на Хрватското радио ги доби и наградите за хит на месецот во мај и јуни. Важна улога имаше и во документарниот серијал за кралот на фанкот Дино Дворник, кој се емитуваше на втората програма на Хрватското радио, а за која ја сними и одличната нова верзија на песната ‘Ти си ми у мислима’. Наградата оди во вистинските раце“, изјавил Златко Туркаљ, авторот на радио-емисијата што ја доделува наградата.

 

Scroll to Top