Хрватскиот пејач Тони Цетински е вклучен во сообраќајната несреќа во која настрадал маж на улицата „Пуста“ во Ровињ. Како што јавува хрватскиот медиум „Глас на Истра“, Цетински со своето возило го прегазил човекот кој бил паднат на улицата. Тие за сега не знаат дали смртта настанала пред прегазувањето или е резултат на газењеѕо, но и која е причината што човекот бил легнат на патот, бидејќи во моментот се врши увид на самото место.
На местото на несреќата дошла и противпожарната служба на Ровињ која морала да интервенира за Мерцедесот на Цетински да се крене и тргне од телото на починатиот. Телото ќе биде дадено на обдукција, по која ќе се знае точната причина за смртта и дали пејачот има некаква вина во целата ситуација, јавува „Гласот на Истра“. Тие додаваат дека оваа улица е тесна и едносмерна и дека тука е невозможно да се вози брзо.