Тони Цетински стана дедо

Хрватскиот пејач Тони Цетински стана дедо. Тој преку Инстаграм откри дека неговиот син Кристијан и снаата Нина ја добиле ќерката Елена.

„Ми се роди внуката Елена. Им честитам на мама Нина и тато Кристијан. Многу ве сака ноно Тони. Сонце на мојот живот, Елена. Што да кажам? Немам зборови. Децата се сонце на нашите животи на кои мораме особено да внимаваме во овие луди времиња“, напиша пејачот.

Цетински пред неколку месеци првпат откри дека неговиот син чека бебе и дека наскоро ќе стане дедо. Неколку пати потоа изјави дека едвај чека да се роди бебето и дека тоа е најубавата работа што му се случила изминатата година и пол.

 

Scroll to Top