Тошиќ и Врањеш се сретнаа на мечот меѓу Патризан и Ѕвезда

Сопругот на српската пејачка Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, за првпат го сретнал фудбалерот Огњен Врањеш, по избивањето на секс-скандалот минатата година. Двајцата го гледале мечот меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда. Тошиќ бил со неговата ќерка Ника, а Врањеш седнал блиску до нив, оддалечен само неколку места.

„Душко и Ника седнаа во првата ложа. Беа расположени сè додека не влезе Огњен со неговите пријатели. Тие седнаа неколку места оддалечни од нив. Сите во тој дел на стадионот чекаа да се случи тепачка“, раскажува еден од присутните, кој бил сведок на настанот.

До конфликт не дошло, но двајцата се гледале како да сакаат да се пресметаат. Тошиќ се обидувал да биде расположен поради Ника. Сопругот на Карлеуша не сакал да падне на провокациите на Огњен, објаснува изворот.

„Врањеш постојано му се смееше и го провоцираше, а Душко се обидуваше да ја сокрие нервозата. Се воздржуваше заради ќерка му, да не се забележи дека е нерасположен“, вели еден од пријателите на Тошиќ.

По избивањето на секс-скандалот со Карлеуша двајцата фудбалери повеќе не се пријатели. Минатата година на социјалните мрежи беа објавени голи фотографии од пејачката, а во јавноста се рашири веста дека Карлеуша го изневерила Тошиќ со Врањеш.

Scroll to Top