Трет концерт на Петар Грашо со симфониски оркестар во Скопје

Петар Грашо ќе одржи трет ексклузивен концерт со симфониски оркестар во Скопје и тоа на 29 април во Македонска филхармонија, откако се распродадоа двата концерти закажани на 26 и 27 април.

Македонската публика секогаш со овации и со аплауз, воодушевено ги прима изведбите на Петар Грашо, па нема сомнеж дека така ќе биде и овој пат.

Подгответе се за неверојатни два часа свирење и пеење на најголемите хитови како што се „Ако те питају“, „Моје злато“, „Уторак“, „Ко нам брани“, а освен неговите фантастични песни, со огромно задоволство ќе ги слушаме и песните Оливер Драгојевиќ.

Scroll to Top