Вчера по трет пат се омажи хрватската глумица и сценаристка Јелена Вељача (40) со Вито Турчиќ (48), поранешен советник на претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ.
Двојката се венчаше во Ботаничката градина во центарот на Загреб. А првиот танц го одиграа на позната песна на Тереза Кесовија „Моја последна и прва љубов“.
View this post on Instagram
Ова ќе биде трет брак на Јелена. Таа се омажи за Јанко Поповиќ Волариќ во 2009 година по двегодишна врска, а се разведоа во 2012 година. Три години подоцна, во 2015 година, се омажи за Дражен Чужек, со кого денес ја има ќерката Лена. Нивниот брак се распадна во 2018 година. Вито бак зад себе има еден брак и две деца.
View this post on Instagram