Третпат се ожени популарниот турски глумец Озџан Дениз, мајка му одби да дојде на свадба

Еден од најпопуларните турски глумци, Озџан Дениз, се ожени третпат. По две години врска, тој се венча со Самар Дадгар од Иран.

Свадбата ја направија во куќата на Дениз, со дваесетина најблиски роднини и пријатели. Меѓу гостите бил и братот на Озџан, Ерџан, но не и неговата мајка. Таа одбила да дојде на свадбата бидејќи од самиот почеток била против врската на синот со жена од Иран, пишуваат турските медиуми.

Дениз (50) зад себе има два пропаднати брака. Тој има и едно дете, четиригодишниот син Кузеј.

 

Scroll to Top