Непознати лица утрово околу 6:45 часот со три автомобили ја нападнале куќата на српската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Двата автомобили „мини купер“ и еден караван се снимени со безбедносните камери од нејзиниот имот. Пејачката веднаш пријалила во полиција и рекла дека очекува итна реакција на полицијата.
„Очекувам апсење во текот на денот. Полицијата ги има снимките. Ова е намерен вандалистички упад во приватен имот“, изјавила пејачката за српските медиуми.
Автомобилите неизменично удриле во капијата на куќата на пејачката, со што нанеле штета на имотот. Потоа побегнале во непознат правец. Полицијата не го знае идентитетот на напаѓачите и трага по лицата вклучени во инцидентот.