Свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ предизвикува големо внимание во Србија, па медиумите открија дека гостите ќе ги забавуваат три различни бендови. Според извор близок на двојката, Александра и Филип ги ангажирале „Тропико бенд“, Ацо Софронијевиќ и Дејана Петровиќ.
Сите гости очекуваат на свадбата да запеат и невестата и Лепа Брена, ама и кумот Ацо Пејовиќ, но и многу од музичарите што се поканети како гости.
Медиумите пишуваат дека Александра ќе смени три невестински фустани, но оваа информација не е потврдена.