Три години затвор за човекот што ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ

По три години од сообраќајната несреќа, во која загинаа легендарниот фолк-пејач Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист, музичарот Мирсад Кериќ, а тешки повреди доби Слободан Стојадиновиќ, во Гитерсло се одржа судење. Турчинот Алсин Левент, кој ја предизвика сообраќајката недалеку од градот Билефелд во Германија, е осуден на едвај три години и 3 месеци затвор, пренесува „Дојче веле“.

На судењето присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, но и синот на починатиот Мирсад Кериќ. Во еден момет тој вербално го нападнал обвинетиот, како и неговиот адвокат. Тој му упатил разни пцости и недолични зборови по што обвинетиот им се обратил на семејствата на жртвите.

„Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“, кусо одговорил тој.

Бранителот на обвинетиот истакна дека Левент знаел оти нема оправдување или олеснување за овој чин. Обвинетиот ја прифати одговорноста и призна сè“.

Scroll to Top