Три песни од Ѓорѓе Балашевиќ ќе се најдат во учебниците за основно образование во Србија

Три песни на починатиот кантавтор и текстописец, Ѓорѓе Балашевиќ, ќе се најдат во учебниците за основно образование во Србија. „Дрвена песна“ ќе биде објавена во учебниците за осмо одделение, а за во пониските одделенија се наменети „Д-мол“ и „Девојка са чардаш ногама“.

Проф. Ивана Лучиќ од новосадското основно училиште „Коста Трифковиќ“ вели дека изборот на песни е интересен и дека им се допаѓа скоро на сите.

„Песните се разновидни, а токму тоа го одликува нашиот драг Ѓоле Балашевиќ. Така, ја имаме ‘Девојка са чарадаш ногама’, весела, полетна песна, потоа ‘Д-мол’ – тажна љубовна песна, и за осмоодделенците ‘Дрвена песна’, која говори за соништата на едно дете“, вели таа.

Професорката смета дека изборот на песни е адекватен.

„Тие не се многу лесни за разбирање и не се едноставни, затоа се убава задача за наставниците да ја анализираат песната заедно со учениците, да ги најдат стилските фигури, скриениот смисол и нивното пренесно значење“, додала таа.

Scroll to Top