Труење со наркотична дрога и лекови е причина за самоубиството на инфлуенсерката Кика Ѓукиќ

Вишото јавно обвинителство во Белград по завршувањето на истрагата соопшти дека смртта на 21-годишната инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ била предизвикана од труење со наркотична дрога МДМА и лекот бромазепам.

Како што пренесуваат српските медиуми ,  Вишото јавно обвинителство во Белград по деталните проверки утврдило дека нема потреба од покревање кривична постапка против ниту едно лице, за какво било кривично дело, во врска со околностите под кои починала Јутјуберката и Инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ.

„Одлуката е донесена имајќи го предвид обдукцискиот извештај од кој произлегува дека причина за смртта е комбинирана интоксикација со наркотична дрога МДМА и лекот бромазепам“, велат од обвинителството.

Исто така, додаваат дека на конечната одлука влијаеле разговорите со блиски до неа, постоењето на проштални пораки и тоа што претходно во два наврати се обидела да се самоубие, како и други околности и извршени проверки.

Смртта на 21-годишната Јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ во декември 2021 година го потресе регионот, а нејзината последна објава го навестуваше овој трагичен чин.

 

Scroll to Top