Цетински со емотивна порака за Тоше на ден пред 13-годишнината од смртта

Ден пред тринаесетгодишнината од смртта на пејачот Тоше Проески, неговиот пријател и колега од Хрватска, Тони Цетински, сподели емотивна порака на својот фејсбук-профил:

„13 долги години.

Утре некаде ова време нè напушти физички, но само физички, брату мој. Не можам да поверувам колку многу и ден-денес ни недостигаш и колку ни е сè уште тешко што прерано си замина. Животот навистина не е фер…

Ме прашуваш каде сум и што правам?

На улица, секако, и дождот е одвратен, но твојата насмевка е надеж која на сите толку многу им е потребна во ова денешно чудно и злобно време. Ќе биде сè во ред додека те имаме тебе да нè чуваш со твоето присуство, песни и сите добри и благородни работи што ѝ ги остави на оваа планета. Ти си ангел на добрината.

Знам дека нè чуваш, како што и ти мора да знаеш дека секогаш си во нашите молитви.

Те сака твојот брат.“

 

Scroll to Top