Цеца ѝ го позајмила својот прстен на вереницата на Вељко

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ својот прстен ѝ го подарила на Богдана Родиќ, вереницата на нејзиниот син Вељко. Прстенот се проценува на неколку илјади евра, а блиски луѓе до Цеца велат дека накитот ѝ го дала поради желбата да нејзината идна снаа изгледа убаво на роденденска забава на нивен заеднички пријател.

Родиќ на роденденот на Небојша Бојовиќ, познат златар во Белград, каде била поканета заедно со Вељко се појавила во елегантен црвен фустан, а на својата рака го носела накитот од колекцијата на Цеца.

По неколку дена Богдана ѝ го вратила прстенот на Цеца, а пејачката со истиот била забележана на отворањето на еден салон во Белград.

 

Scroll to Top