Цеца горда на Анастасија и нејзините песни

Фолк-пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ вели дека е горда на својата ќерка Анастасија Ражнатовиќ, по успехот кој го постигнала со своите песни.

Пејачката во една од своите пораки на Инстаграм се огласила и ја охрабрила својата наследничка да продолжи со исто темпо, но и дала до знаење на сите дека таа немала никаква улога во нејзината кариера и дека Анастасија е самата заслужна за сето тоа што и се случува.

„Не сакам да ти се мешам додека работеше на песните и спотот. Ти дозволив сите работи да ги на направиш сама. Ти дадов само мал совет за песната. Пораките кои со денови ги добивам и на што го гледам и она што го гледам ме прави да бидам најгордата мајка на светот. Те сакам бескрајно. Браво девојко“, напишала Цеца.

Scroll to Top