Цеца ќе стане баба

Српската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ќе стане баба. Богдана, свршеницата на нејзиниот син Вељко е во вториот месец од бременоста, пишуваат српските медиуми. Таа треба да се породи на пролет. Веста за бременоста на Богдана, идните родители, засега ја споделиле само со семејството.

Инаку, познатата пејачка неколку пати изјавила дека откако Вељко се вери со Богдана, таа добила уште една ќерка.

„Не се мешам во изборот на љубовните партнери на моите деца. Богдана е прекрасна девојка, со добра душа и одлично воспитување“, вели Цеца.

Scroll to Top