Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ откри дека на 22 години дознала дека не може да остане бремена по природен пат. Таа во интервју првпат раскажа за проблемите со коишто се соочила на почетокот на бракот со Аркан и призна дека и Вељко и Анастасија се родени со вештачко оплодување.
„Имав само 22 години кога открив дека имам проблем да забременам, па се решив за програмата за ин витро оплодување во болницата на д-р Миленко Пророчиќ, кој е исклучителен експерт. Не ме интересираа предрасудите кои во тоа време преовладуваа во Србија затоа што сакав да имам дете повеќе од било што. Мојот сопруг ме поддржуваше и учествуваше со мене во целиот процес. Беше очигледно дека тој нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца“, вели Цеца.
Таа и Жељко Ражнатовиќ прво го добија синот Вељко во 1995 година. Три години подоцна, се роди и ќерката Анастасија, која исто така ја добиле со вештачко оплодување.
За потсетување, Цеца и Аркан се свршија на Божиќ 1995 година, а се венчаа еден месец подоцна. Беа во брак до 2000 година, кога Аркан беше убиен во хотелот „Плаза“ во Белград.