Цеца не може да влезе во Америка оти била терорист

Српската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и по 17 години не може да влезе во Америка. Таа во 2003 година се најде на „црната листа“ на ЦИА, на која се луѓе што не смеат да влезат во земјата. Цеца оваа забрана ја доби кога беше уапсена во акцијата „Сабја“. Како што пишуваат медиумите, во американската амбасада во Србија таа е заведена под шифрата 410, која означува тероризам и терористичка група.

Медиумите на крајот на годината лани пишуваа дека Американците ќе ја повлечат забраната и дека пејачката почнала преговори за американска турнеја. Засега, забраната не е тргната, а Цеца и понатаму е непожелна личност во земјата.

 

Scroll to Top