Цеца: Никогаш не се вратив на местото каде што беше убиен Аркан

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ за српскиот магазин „Скандал“ отворено зборувала за убиството на нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Пејачката вели дека по убиството, таа никогаш не се вратила во хотелот „Интерконтинентал“, местото што каде бил убиен Аркан. Вели дека ниту таа ниту нејзините деца никогаш не зачекориле во тој хотел.

„Не, тоа не е место каде што сакам да го минувам времето. И моите деца никогаш повеќе нема да го посетат тој хотел. Ниту кој било од моето семејство. Тоа го сметам за гробот на Жељко“, вели Цеца за магазинот „Скандал“.

На 15.01.2000 година, околу 17 часот и 15 минути, во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград беше убиен српскиот генерал Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Според информациите на луѓето кои се наоѓале во негова непосредна близина за време на убиството, Аркан се наоѓал во ресторанот во хотелот заедно со неговиот телохранител Миленко Мандиќ. Во истиот хотел била и неговата сопруга Цеца, која веднаш го однела во болница.

Цеца за српските медиуми зборувала и за моментот кога нејзиниот син доживеал сообраќајна несреќа во Кипар, недолго по смртта на нејзиниот сопруг.

Таа вели дека тогаш ги доживеала најтешките моменти во својот живот. Вељко во сообраќајната несреќа се здобил со повреди и исеченици.

„Најлошиот момент во мојот живот беше кога Вељко доживеа сообраќајка на Кипар, а јас не можев да стигнам до него. Ниту јас, ниту мојата сестра“, се потсетила Цеца.

„Цела вечер бевме на Скајп. Тоа беше страшно. Кога си мајка, а не можеш да бидеш со своето дете. Мојот брат Милан ми јави дека на Вељко му се повредени рамото и вратот. Имал страшни исеченици“, вели Цеца.

 

Scroll to Top