Цеца објави фотографија од свадбата со Аркан

By

Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан се венчале на 19 февруари 1995 година, а нивната свадба е прогласена за свадба на деценијата, па дури и свадба на векот.

Иако досега немала обичај ваквите работи да се објавуваат на социјалните мрежи, Цеца на својот инстаграм-профил објави фотографија од венчавката.

Но, на фотографијата додала и неколку срценца, од кои едно е пукнато.

Аркан беше постар од Цеца 21 година. Сватовите прво отишле во Житораџа по невестата, црквеното венчавање се одржало во црквата Свети Архангел Гаврил, а свадбената веселба е направена во тогашниот хотел „Интерконтинентал“.

Деталите ги пренесуваа и светските телевизии Би-би-си и Си-ен-ен.

 

Ќе ви се допадне