Цеца од продажбата на фудбалерите земала милиони ама ги криела, сестра ѝ отворила сметки во Кипар и Унгарија

Министерството за внатрешни работи на Србија, на средината на 2003 година поднела кривична пријава против фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, поради сомнение дека со соработниците протпвправно присвоила голема количина на пари од трансфер на фудбалери од клубот Обилиќ.

Во кривичната пријава се спомнува и нејзината сестра Лидија Величковиќ, денес Оцокољиќ.

Како што е наведено, Ражнатовиќ од продажбата на фудбалерите, на разни странски клубови во деловните книги прикажувала дека се продадени без обештетување, што не било точно. На тој начин за себе незаконски присвоила повеќе милиони марки.

Постои основно сомнение дека првопријавената Светнала Ражнатовиќ во својство на претседателка на Фудбалски клуб Обилиќ од Белград, на ул. господар Вучиќ број 189, во периодот од 25.07.1998 година, па до 1.3.2003 година, извршила кривично дело злоупотреба на службена положба.

Таа ја искористила својата официјална положба и ги пречекорила границите на своите овластувања, во намерата за да присвои имотна корист со продажбата на играчи на клубот на странски клубови.

Цеца прикажувала во деловните книги на клубот дека играчите се продадени без обештетување на клубот, а остварениот приход од продажбата делумно го прикажувала како свое лично вложување во Обилиќ во износ од околу 5.500.000 марки.

Дел од парите ги прикажувала како вложувања од претпријатијата „Византин“ и „Ари“, во износ од 1.090.000 марки, а остатокот од парите ги потрошила за свои лични потреби, со што се здобила со имотна корист од 22.529.000 марки и 480.000 долари, на штета на клубот, е наведено во пријавата.

Сестра ѝ Лидија Величковиќ, во периодот од 1.1.2000 година до 31.12.2001 одина во намера да и помогне, отворила девизни сметки во банката „Популар“ во Кипар и „Сегедин“ во Унгарија. На сметките стигнувале девизни средства остварени со продажбата на играчите.

Подигала и готови пари и ги носела на Цеца или по нејзин налог вршела трансфер на парите на други сметки. Во документите се наведени и спорните трансфери на повеќе фудбалери, меѓу кои и на Никола Лазетиќ, Милан Лешњак, Иван Вукомановиќ, Ненад Гроздиќ, Драган Шарац, Владиц Чурчиќ.

Обвинението е подигнато дури осум години подоцна, затоа што истрагата во повеќенаврати била проширувана и дополнувана. Поради сомнение дека со соработниците противправно присвоила повеќемилионски суми на пари, од продажбата на фудбалери, Високот обвинителство во Белград, на крајот на март 2011 година, подигна обвинетние против пејачката.

Двете се обвинети за незаконска продажба на десет фудбалери, додека поранешните раководители на клубот Драгиша Биниќ и Јован Димитријевиќ се обвинети во случајот со продажба на еден фудбалер.

Со продажбата е наведено дека се стекнале со 11 милиони евра. По два месеци на почетокот на јуни 2011 година, се осудени на година, односно шест месеци домашен затвор, како и со по милион ипол евра парична казна. Двете направија договор со обвинителството за признавање на вината.

Според договорот, Цеца во замена за година дена домашен затвор и парична казна, признала дека противправно присвојувала пари од трансферите на 10 фудбалери и дека без дозвола држела 11 пиштоли. Лидија се спогодила и признала дека и помагала во малверзациите.

Затоа што четири месеци минала во притвор, за време на акцијата „Сабја“, во 2003 година, во домашен затвор останала осум месеци.

 

 

Scroll to Top