Фолк – пејачката Цеца потврди дека таа и нејзиниот син Вељко се позитивни на коронавирус. Во официјалната изјава за српските медиуми таа кажа: „На повторениот тест Вељко и јас сме позитивни. Се чувствуваме добро, но немаме никакви симптоми. Ќе бидеме во домашна изолација, до повторното тестирање“.
Цеца направи еден тест претходно, кој бил негативен, но сега новиот тест покажал дека е позитивна. Српските медиуми веќе ја пренесоа веста. Нејзината ќерка Анастасија е негативна.
И двете пред некој ден биле заедно со водителката Милица Јаковљевиќ која е позитивна на Ковид -19 и беше применна на Клиниката за инфективни болести во Белград.
Вељко заедно со Богдана која неодамна се породи, се сместија во нејзиниот дом. Сега српските медиуми пренесуваат дека кога Вељко кога го дознал резултатот од тестот, исплашен за здравјето на синот и Богдана, се вратил во вилата на мајка му во Белград.