Цеца повторно во венчаница

Фолк-пејаката Цеца Ражнатовиќ и Саша Матиќ снимија видеозапис за песната „Лажов ноторни“ која ќе се најде на новиот албум на Матиќ. Албумот ќе биде промовиран на 4 декември.

Спотот е снимен во ресортот „Дајмонд гарден“, а Цеца се појавува облечена во венчаница. Овој стајлинг уште еднаш ги поттикна муабетите на српскиот јасновидец Милан Тарот дека следната година Цеца ќе запознае маж, адвокат, во кој ќе се заљуби и со кого ќе се омажи пред крај на годината.

Scroll to Top