Цеца со приватен авион во Охрид

Фолк-ѕвездата Цеца Ражњатовиќ во Охрид ќе дојде со приватен авион, ни потврдија организаторите на концертот, „Балкан медија“. Таа најавила дека ќе дојде дента на концертот, со целата своја екипа што се грижи за неа пред настапот, и дека ќе слета на аеродромот во Охрид со приватна линија. Концертот на Цеца е на 28 јули на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, а како специјален гостин е најавен Џенан Лончаревиќ.

Scroll to Top