Цеца: Сакам само ќерка ми да ме глуми во серијата која ќе се снима за мене

Српската пејачка Цеца Ражњатовиќ  откри дека Американците се уште и нудат да снимат филм и серија за неа. Таа за сега не кажала дали се согласила или не. Вели дека ако се согласи, таа сака ќерка и да ја игра главната улога.

„ Ако некогаш се сними филм за мене, би сакала да ме игра Анастасија, бидејќи таа најдобро ме познава. Всушност, тоа не може да биде само филм, тоа би требало да биде сериозна серија, за моите почетоци, за средбата со Жељко и што се случи потоа. Тоа ќе биде серија во неколку сезони и знам дека ќе биде многу гледана, особено на Балконот“, објасни пејачката. Се уште не познато кој актер би го играл Аркан, но низ годиниве веќе наголемо се зборува за снимањето на серијата за животот на фолк пејачката.

Scroll to Top