Цеца се налути среде интервју

Фолк-ѕвездата Цеца Ражњатовиќ била пречекана од српски новинари пред црквата во која се причестила по Велигден. Таа на почетокот без проблем одговарала на нивните прашања во врска со велигденските празници, па дури и открила дека со години редовно пости.

„Уживам во празниците и едвај чекам целото семејство да се собереме дома“, рекла фолк-пејачката.

Но, кога еден од новинарите ѝ поставил прашање дали секоја вечер чита молитвата пред да си легне, фолк-пејачката се налутила. Рекла дека тоа е интимна работа и веднаш по ова прашање го прекинала интервјуто. „Не сакаше повеќе да одговара на прашања, сврте глава луто и замина“, пренесоа српските медиуми.

Scroll to Top