Саша Поповиќ, основач на „Гранд продукција“ и шоумен, почина вчера на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти Гранд продукција.
Од него се прости и Цеца Ражнатовиќ.
-Драг мој пријателе, беше човек со визија, харизма и неисцрпна енергија. Твоето заминување е ненадоместлива загуба, не само за твоето семејство и најблиските, туку за сите нас што имавме чест да работиме и да се дружиме со тебе. Ќе ми недостасуваше Саленце, бескрајно, напиша Цеца на Инстаграм.
Од Поповиќ преку социјалните мрежи се простуваат пејачи, музичари од српската сцена.