Цеца втор пат стана баба, прослава во домот на Ражанатовиќ за внукот Крстан

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ втор пат стана баба, се породи сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана.

Денеска на 17 април таа на свет го донесе синот Крстан.

Како што пренесуваат српските медиуми парот веднаш штом дознале дека бебето е момче знаеле дека ќе се вика Крстан.

„Јас така се испланирав. Пред да се роди Жељко и кажав на Богдана дека вториот син ќе се вика Крстан и ете, се случи и тоа“, рекол Вељко.

Инаку на денешен ден е роден и Жељко Ражнатовиќ Аркан, а во таа случајност верува и семејството.

Богдана и Вељко првпат станаа родители во јуни 2020 година, а малиот Жељко денес доби брат од кого е постар три години.

Вељко претходно најавил голема прослава во семејната вила на Дедиње, а Цеца откриla детали за внукот.

„4.200 килограми и 54 сантиметри. Ова е благослов од Бога. Мојот покоен сопруг e роден денес. Богдана е одлична, а за Вељко не знам дали плачел затоа што беше пресреќен. Жељко знае дека ќе има брат, но не знае дека добил. Празнувањето е кај нас“, изјавила Цеца.

Scroll to Top