Цеца за венчавката на Вељко ќе плати 100.000 евра

Цеца Ражнатовиќ почна да се подготвува за свадбата на нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ, која треба да се случи јуни следната година. Блиски луѓе до семејството велат дека пејачката ќе искешира 100.000 евра за веселбата.

Цеца на Вељко му предложила венчавката да ја направи во хотелот каде го прославиле и полнолетството на Анастасија. Според изворите блиски до Ражнатовиќ, венчавката се очекува да биде вистинска српска свадба. Тоа го посакуваат и родителите на Бојана, кои исто така се вклучени во подготовките.

Гостите ќе бидат забавувани од повеќе српски пејачки. Цеца ќе биде таа која ќе ја отвори журката. Сите ја познаваат Цеца како човек забавувач, па нема сомнение дека на колегите ќе им даде добар бакшиш. Цеца ќе помогне и во изборот на венчаницата на идната снаа. Се очекува фустанот да биде направен од познат дизајнер.

„Кога Цеца прави забава, тоа мора да биде гала. Не е важно дали е во прашање семејна слава, роденден или некој друг вид на веселба. Се мора да биде беспрекорно. Затоа одлучила на време да почне со подготовките за свадбата на Вељко. За неа многу тоа ќе биде многу важен ден и ништо нема да остави на случајноста. Парите воопшто не се важни, туку се мора да биде како што треба“, вели извор близок до семејството Ражнатовиќ, и додава дека списокот на поканети е голем, и дека ќе има околу 400 гости.

„Цеца ќе обезбеди и сместување на гостите од странство во хотел во кој ќе се одржи венчавката. Ноќевањето чини повеќе од 100 евра, а цената на свечената сала е 70 евра по личност за најдоброто мени.

Ражнатовиќ се грижи за сите детали, па така и цветната декорација, како и свадбената торта ќе бидат раскошни.

„За декорацијата на целиот простор издвоивме нешто помалку од 30.000 евра. Во тоа е вклучена кристалната декорација, цвеќе од Холандија, срце од бели орхидеи, под кои ќе се венча Вељко, како и многу други работи кои ќе го оплеменат просторот. Свадбената торта ќе биде на неколку катови, во нежни тонови. Што се однесува до венчаницата, се уште се размислува дали ќе ја прават домашни или странски креатори, но за тоа ќе бидат издвоени 5000 евра. Невестата ќе облече елегантен фустан кои ќе биде шиен по нејзина мерка. За бурмата исто така се издвоени 7000 евра“, вели извор близок до семејството Ражнатовиќ.

Цеца во Париз бара венчаница за својата идна снаа

Светлната Цеца Ражнатовиќ се вратила од Париз, каде минатиот викенд одржала концерт. За настапот на фолк ѕвездата од Балканот се барала карта повеќе, а посетителите и по неколку часа чекале во ред за да ја слушнат омилената пејачка. Цеца во градот на светлината со својот тим стигнала еден ден претходно, па слободното време го искористила за шопинг, а посетила и еден салон за венчаници.

 

Scroll to Top