Турската актерка Демет Оздемир откако се разведе позира во костим за капење

Славната турска актерка Демет Оздемир позира во костим за капење, а со фотографиите се пофали на нејзиниот Инстаграм профил.

Актерката на почетокот на оваа година се разведе од сопругот Огужан Коч, по 9 месеци брак. Веста ја пренесе турскиот магазин „Сноб“, според кој двојката веќе не живеат заедно.

Демет и Огужан, направија луксузна венчавка лани во август, но двојката не успеа да го задржи бракот.

Демет најголема популарност стекна со улогата на Санем во турската серија „Романтичарот“ каде главните улоги ги делеа со актерот Џан Јаман.

Scroll to Top