Уапсен Босанецот што два месеца ја прогонувал водителката Миња Милетиќ

Босанецот што два месеца ја следел водителката Миња Милетиќ е уапсен пред три дена во Белград.

Уапсениот наводно изнајмил стан во Земун за да го следи секој чекор на водителката. Тој ѝ испраќал и вознемирувачки пораки. Неколкупати доаѓал и во телевизијата каде што Милетиќ работела со желба да стапи во контакт со неа.

Според неофицијални извори, Босанецот на сослушувањето изјавил дека дошол да ѝ помогне на водителката, а пораките што ѝ ги праќал биле од политичка природа.

Милетиќ денеска ќе биде сослушана во обвинителството.

 

 

Scroll to Top