Уапсен Дарко Лазиќ

Фолк-пејачот Дарко Лазиќ е уапсен денеска околу 13 часот во местото Суботиште, близу Рума. Тој без возачка дозвола ја возел неговата кола „порше панмера“, пишува порталот „Објектив“. Лазиќ е однесен во полициска станица на сослушување пред истражен судија, кој треба да одлучи дали ќе му биде одреден притвор или ќе биде пуштен на слобода.

Лазиќ нема дозвола повеќе од една година, а таа му беше одземена откако во октомври 2018 година предизвика сообраќајна несреќа по која едвај остана жив. Тогаш, исто така возел без дозвола, пијан, со 1,39 промили алкохол во крвта.

Scroll to Top