Уапсен српскиот учител по глума Мика Алексиќ кој силувал ученички од неговата школа

By

Голем скандал ја тресе Србија откако актерката Милена Радуловиќ објави дека режисерот и професор Мирослав Мика Алексиќ ја силувал кога имала 17 години и сега тој е уапсен.

Имено Алексиќ кој е познат режисер, сценарист и учител по глума наводно силувал повеќе ученички од неговата школа и сега се сочува со законот.

Тие го обвинуваат за силување или сексуално вознемиување, објавија српските медиуми.

Алексиќ е познат со децении како расадник за актерски таленти од неговото училиште за глума.

Познатата млада српска актерка Милена Радуловиќ го обвини Алексиќ за сексуално злоставување, додавајќи дека таа не е единствената, туку дека има уште пет девојки, од кои некои се малолетни, кои го пријавиле во полиција за истото дело.

Ова е монструозна мрежа интелигентно составена во највисокиот круг на општеството, уште од најраните години спакувана во најблагородните форми на уметност и религија на човек кој чекор по чекор знае што прави и со претчувство доаѓа до целта“, изјави Милена Радуловиќ во интервју за српски „Блиц“.

Ќе ви се допадне

The Promised Neverland Episode 12 at ANIMEFLIX animeflix my hero academia movie

The Daily Life of the Immortal King Episode 15 at GoGoAnime gogoanime seven deadly sins