Уапсена е српската старлета Мими Оро

Милица Живоановиќ, позната и како Мими Оро е уапсена и однесена на издржување затворска казна поради заради неплатени казни за сообраќајни прекршоци, пренесоа српските медиуми. Таа во моментов се наоѓа во женскиот затвор во Пожаревац каде ја издржува казната.

Ова не е првпат Милица да има проблем со законот. Таа во 2014 година беше уапсена во акцијата на Одделението за јавен ред и мир на полицијата во Белград. Со неа беа приведени уште седум девојки кои се сомничеа за проституција.

Исто така беше приведена и во март минатата година заедно со Тијана Ајфон. Двете минаа неколку часа на сослушување поради поврзаноста со кланот на Вељко Беливук.

 

Scroll to Top