Српските медиуми пишуваат за синоќешното апсење на старлетата Тијана Максимовиќ, позната во јавноста како Тијана Ајфон. Старлетата Тијана била уапсена синоќа кај Бјелине со уште три девојки, меѓу кои и манекенката Софија Гачиќ.
Старлетата била уапсена кога се обидела илегално да премине граница преку реката Дрина и тоа во чамец со уште три девојки кои ги водела на забава.
Заедно со неа приведени се уште три државјанки на Србија, под сомнение дека учествувале во проституција.
Уапсени се 32-годишната С. Петровиќ од Чачак, 27-годишната Ј. Дениќ од Ниш, и 27-годишната С. Гачиќ од Нови Сад.
Да потсетиме, полицијата во соработка со колеги од Србија и Словенија извеле опсежна акција во која уапсени биле 36 лица кај кои била пронајдена голема количина на наркотици и оружје. Полицијата во викендичка и автомобили пронашла и запленила 14 пакетчиња кокаин со вкупна маса од околу 46 грама, девет парчиња медицинска дрога, 9 пиштоли, еден гасен пиштол, три панцири и повеќе од 10.000 евра во разни валути.