Турската пејачка Хаџер Тулу е убиена вчера во ноќен клуб во одморалиштето Бодрум. Во неа пукале непознати лица од автомобил во движење. Освен 40-годишната пејачка, убиен е и Мехмет Али Суренсој, сопственик на клубот пред кој се случил инцидентот.
Турските медиуми пишуваат дека се повредени уште четири лица. Тие додаваат дека полицијата има осомничени и дека се уапсени четири лица.
Познатата пејачка имала 15-годишна ќерка.