Убиецот со чекан ѝ пресудил на Јелена – Вресоците никој не ги слушнал

На убиството му претходела жестока расправија во куќата на семејството Марјановиќ во Борча поради писмото што било адресирано на пејачката, а во кое стои дека таа се откажува од вредниот стан во Белград.

Пејачката на „Гранд“, Јелена Марјановиќ, починала во најтешки маки, дознаваат медиумите од истрагата.

Убиецот прво ја удрил Јелена со чекан по главата, а кога почнала да дава отпор, почнал да ја удира со уште посилни удари сè додека не починала.  Ѝ задал вкупно девет удари.

Нејзините вресоци никој од соседството не ги слушнал поради гласната музика.

На убиството му претходела расправа поради вредните недвижности?
Јелена Марјановиќ е убиена, најверојатно, ден пред да е пријавено нејзиното исчезнување, а на убиството му претходела жестока расправија во куќата на семејството на Марјановиќ во Борча поради писмата кои биле адресирани на име на пејачката.
Како што открива роднината на покојната пејачка, семејство Марјановиќ, без согласност на Јелена, го отворило ковертот во кое било решението на судот, кое било доставено по расправата за имотот.
„Поштарот го донел писмото кое било насловено на Јелена, но братот на Зоран, Милош, наводно го отворил и го прочитал. Се открило дека Јелена за време на расправата за имотот по смртта на татко  ѝ  се откажала од станот во центарот на Белград, кој се води на нејзино име.
Марјановиќ ја нападнале говорејќи ѝ: „Како можеш да се откажеш од станот во Белград? Знаеш ли колку вреди?“
Таа им се спротивставила и им рекла: „Мене станот не ми треба“. Со тоа уште повеќе го навлекла гневот врз себе. По тоа била видно нерасположена и се пожалила на мајка си и роднините дека семејството Марјновиќ ја нападнало, наведува изворот близок до семејството.
Зоран не се одвојувал од Јелена, па ја следел и до болната мајка

Односот на убиената Јелена и нејзиниот сопруг Зоран најдобро го опишува тоа што тој одел секаде со неа, и на пазарење во трговските центри и на лекар, но и на настапите, каде што ќе седнел покрај бината и будно ќе ги набљудувал луѓето во нејзина близина. Сведоците раскажуваат дека никогаш не ја виделе Јелена без Зоран. Ја следел каде и да одела, па дури и во посета на болната мајка, но и на денот на нејзината смрт, кога отишла да трча.

Како што вели нејзината блиска пријателка, нивното дружење се свело на домашни посети на кои постојано бил присутен и Зоран. Тврди дека пејачката токму од таа причина немала многу простор да пронајде љубовник, нешто што го спомна и таткото на Зоран, откако неговиот син беше уапсен.

„Сè поретко доаѓаше кај мајка ѝ. И кога ќе дојдеше, кратко се задржуваше. Зоран за тоа време чекаше во возилото“, вели соседот.

Бројни сведоци на нејзините настапи и во студиото присуствуваа и на љубоморните сцени на Зоран.

Уживаше во славата што му ја донесе смртта на Јелена

Миломир Мариќ изјави дека го повикал Марјановиќ во својата емисија затоа што сакал да му даде шанса да ја раскаже својата страна од приказната. Сепак, од првиот момент бил уверен дека е вмешан во убиството на Јелена.

„Ги повикав Зоран и Владимир Марјановиќ во емисијата затоа што мислев дека ќе ја отворат душата и ќе раскажат сè за оваа трагедија. Но, тие за неа зборуваа неповрзано, веднаш се виде дека нешто кријат. Во подготовките за емисијата, со намера да го испровоцирам Зоран, му поставив интимни прашања, но тој за својата убиена сопруга зборуваше како робот, како да не се работи за жена што ја сака и како тоа што му родила ќерка да не е многу значајно. Беше ладен и зборуваше така круто што човек ќе помисли дека зборува за некој предмет, а не за нешто што му е  најмило. А пред камерите беше патетичен, раскажуваше дека била добра мајка, сопруга, пејачка“, вели Мариќ за српските медиуми.

„Искрено од самиот почеток се сомневав дека Зоран е убиецот. Неговата верзија на приказната за настанот, за случувањата на насипот од првиот ден беше неуверлива. Особено фактот дека исчезнувањето на сопругата го пријавил во полицијата неколку часа подоцна. Можеби некој тогаш верувал во невиноста на Зоран, но неговото однесување во месеците подоцна недвосмислено укажуваше на фактот дека тој е убиецот. Последен пат ме повика и ме замоли да го повикам во утринска емисија, а кога се појави, беше изгубен  и надвор од себе. Нормален човек не се однесува така“, додаде Миломир.

„Сакаше да се фотографира во јавноста со старлети и едвај чекаше да биде повикан во реално шоу. Ми изгледаше како да ужива во својата слава и популарноста што му ја донесе убиството на Јелена. Постојано се појавуваше во медиумите и со целокупната прав што се крена се обиде да ја сокрие вистината за смртта на Јелена. Тоа му беше некој вид тактика и веруваше дека така ќе успее да ја избегне одговорноста за своето заминување во затвор, затоа што мисли дека сторил совршено злосторство. Дали некој кому му е убиена жената може по неколку недели да се допишува со други девојки, да гостува во емисии, а веќе по година дена да влезе во реално шоу? Се разбира, не. Зоран е страшен манипулатор, по година дена успеа да ја измами јавноста“, смета Мариќ.

 

 

 

Scroll to Top