Уште една принова во семејството на Раста

By

Познатиот балкански рапер Стефан Џуриќ Раста стана вујко. Неговата сестра Јелена на свет донесе здраво машко бебе, а веста Раста со голема радост ја сподели со своите фанови.

„Мојата сестра, најголемиот борец, војник, гение. И најголемиот човек пред се, стана мајка. Мојата Јелена на свет го донесе Лука. Станав вујко. Мојот вујко играше важна фигура во мојата младост. Затоа имам голема и одговорна улога. Тара сега има два брата и тоа е нашето и нејзино најголемо богатство и сигурност, а пред се вистинска љубов“, напиша Раста на социјалните мрежи.

Ќе ви се допадне