Љубовниот заплет околу Аца Лукас и Соња Вуксановиќ, добива нова димензија, односно се случи пресврт.
Веста за раскинување со новата девојка Бранислава и Лукас ги шокираше сите, а исто така и изјавата на Лукас кој рече дека не се разведува од Соња.
-Таа е сеуште моја сопруга- рече Лукас на гостување во емисија.
– Се што ми се случува во животот, медиумите го преувеличуваат за десет пати- рече тој.
После објавата дека раскинале за прв пат се огласи и Бранислава, а за нивното раскинување сведочат и ниовните профили на социјалните мрежи, сите заеднички слики им се избришани.
Таа за првпат се огласи на Фејсбук и напиша:
„Мама живее за тебе„ а под фотографијата објави фотографија од својот син, за која доби многу пофалби.