Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ, купил плац во близна на Житораѓа во селото Стара Бозурна. Објектот е со површина од 5.000 метри квадратни, а локалните жители велат дека Вељко за новиот бизнис инвестирал повеќе од 50.000 евра.
„Само парцелата сигурно ја платил 30.000 евра. Тоа е голема фарма која не може секој да си ја дозволи. Внатре има многу свињи и прасиња. Вељко купи и коњ, а во сето тоа вложил барем уште 20.000 евра. Имаат луѓе кои доаѓаат и се грижат за добитокот. И подобро што го купи и инвестираше во него, отколку да пропадне“ велат соседите.
Тие велат дека примерот на Вељко сега ќе го следат многумина и дека голем дел од младите ќе се вратат на село.
„Тие не сфаќаат се уште дека иднината на нашата земја е во земјоделието“, изјавил соседот Горан кој има куќа во близина на имотот на Вељко.
Вељко веќе некое време се занимава и со бизнис со кучиња. Тој главно чува азиски овчари.