Основниот суд во Бања Лука го казни Вељко Ражнатовиќ со парична казна од 800 конвертибилни марки за тепачката што ја предизвикал на паркинг пред хотелот „Сан“ во Лакташи минатата година.
Синот на Цеца со уште тројца негови другари во април 2017 година го претепале лицето Петар Золак. Доколку не ја плати паричната казна во рок од три месеци, на Вељко му се заканува и казна затвор.
Вељко досега немал досие за насилно однесување.
Покрај Ражнатовиќ, осудени се и неговите другари Милош Еќим (22) и Немања Ѓуриќ (23), кои исто така заработиле идентични казни.
Најголема парична казна од 1000 конвертибилни марки заработил само обвинетиот Јован Марјановиќ (22), вработен во Народното собрание на Република Српска.