Вељко Ражнатовиќ влегува во профи ринг

By

Вељко Ражнатовиќ на 10 март во Јагодина ќе настапи во мечот во крузер категорија до 90,7 килограми во четири договорени рунди. Неговиот противник ќе биде Краштја Јорданов од Софија, кој исто така е дебитант.

„Вљубен сум во рингот, гладен сум за мечеви, изјави Ражнатовиќ, на кого ментор му е Милјан Ровчанин боксерски шампион.

Првиот тренер на клубот Фонтана од Нов Белград Јован Ракоњац вели дека кај Вељко гледа голем потенцијал.

„Сигурен сум дека ќе ја оправда довербата во рингот. Го краси упорноста, нескршливата воља, смислата за бокс и спартанската дисциплина, што е предуслов за успешна боксерска кариера“, изјавил Ракоњац.

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV dubbed anime: Naruto Episode 220

AnimeDao free anime: Watch A Silent Voice Episode Full